Перуански шамани го предвидоа падот на Мадуро

Пет дена пред американската операција во Каракас што заврши со заробување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, група перуански шамани на брегот во Лима изведоа годишен ритуал за „предвидување“ на светските настани и јавно побараа Мадуро да биде тргнат од власт, со улога на Доналд Трамп во тоа сценарио.

Ритуалот, одржан на 29 декември во областа Мирафлорес, традиционално се претставува како мешавина од духовни практики и политичка симболика: шаманите носат андски понча и украси, поставуваат предмети и цвеќиња на плажата и зборуваат за војни, лидери и „насока“ на годината, по што следуваат молитви за мир и „позитивна енергија“. Овојпат, меѓу клучните пораки беше „падот“ на Мадуро и продолжувањето на глобалните конфликти, со нагласок дека војната во Украина нема брзо да заврши.

Зачлени се на нашиот е-билтен