Граѓанската асоцијација Мост солидарност од Нови Сад испратила петиција до Железничката инфраструктура на Србија со апел часовникот на железничката станица во тој град трајно да покажува 11:52 часот, моментот кога бетонската настрешница на таа зграда се урна на 1 ноември, што резултираше со 14 смртни случаи, три лица беа тешко повредени.
Во соопштението тие наведуваат дека со овој симболичен гест „ќе се оствари трајно сеќавање на загинатите и ќе се подигне своевиден споменик на жртвите од трагедијата“.
Денеска во Нови Сад се одржа и акцијата „Стоп, Нови Сад“, во која од 11:52 до 12:06 часот опозицијата и граѓаните одбележаа 14 дена од смртта на 14 лица на железничката станица во Нови Сад. Опозицијата ја одбележаа и оваа акција во Белград со развиткување на црно платно пред Собранието на Србија и блокирање на сообраќајот.
За утре и за во недела се закажани нови протести за одговорност на трагичната несреќа.