Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Петнаесет млади поети на возраст од 16 до 25 години се избрани да читаат на „Отскочна даска #3“, преднастан на четвртиот „Скопскиот поетски фестивал“ што ќе се одржи на 29 мај до 1 јуни.

Како што информираат од „Скопскиот поетски фестивал“, на конкурсот пристигнале 41 пријава, а интерната жири-комисија составена од членови на управниот одбор и на организацискиот одбор на фестивалот, ги избрале следните 15-мина за да читаат песни на „Отскочна даска #3“: Андреј Анѓеловиќ, Надица Банишка, Сања Василева, Душко Двојаковски, Вероника Димоска, Сара Ѓорѓијоска, Селин Есад, Моника Ивановска, Анамарија Јанкова, Јане Моневски, Милена Неделковска, Мила Поповска, Дарио Постоловски, Стефан Спасовски и Карла Шкрлец (Хрватска).

-Упатуваме голема благодарност до сите што ни ги пратија своите песни за прочит и би сакале да ги охрабриме да продолжат да пишуваат! Праќаме и покана до сите нив да дојдат на настаните во рамките на фестивалот, што со многу љубов и внимание ги подготвивме за публиката, велат организаторите.

„Скопскиот поетски фестивал“ е поддржан од Министерство за култура, а негови помагатели се Младинскиот Културен Центар ‒ Скопје, градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје, кафе-книжарницата „Буквa“, Хрватското друштво на писатели (HDP), ПНВ Публикации и Хотел Цара 1928. Медиумски покровител е МИА, а медиумски партнери се Радио МОФ, Кајгана, Умно и Култура Бета

Треба да знаете
Moже да ве интересира