Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Петнаесет загинати, 60 ранети во израелски напад врз амбулантни возила во Газа

 Во израелски воздушен напад извршен синоќа врз амбулантни возила користени за евакуација на ранетите од опколениот северен дел на Газа, загинаа 15 лица, а 60 се ранети, соопшти Министерството за здравство на енклавата под контрола на Хамас.

Израелската војска соопшти дека идентификувала и погодила амбулантно возило „користено од терористичката ќелија на Хамас“. Тие тврдат дека групата дека пренесувала милитанти и оружје во амбулантни возила.

Официјалниот претставник на Хамас Изат Ел Решик рече дека наводите за присуството на неговите борци се „неосновани“. Ашраф ал-Кидра, портпарол на Министерството за здравство на Газа, рече дека амбулантното возило било дел од конвој нападнато во близина на болницата Ал-Шифа во градот Газа. Кидра рече дека Израел го таргетирал конвојот амбулантни возила на повеќе од една локација, вклучувајќи и удар пред болницата Ал-Шифа и плоштадот Ансар што е на еден километар оддалеченост.
Во соопштението за инцидентот, израелската војска не достави никаков доказ за да го поткрепи тврдењето дека амбулантното возило е поврзано со Хамас, јавија западни медиуми. 

Зачлени се на нашиот е-билтен