Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Петнаесет загинати и 40 повредени во бомбашкиот напад во Сомалија

 Во експлозијата на камион-бомба што се случи денеска во градот Беледвејне, во Сомалија загинаа 15 лица, а 40 се повредени, соопшти локалната полиција.

Не е објавено кој го извршил нападот, но се претпоставува дека станува збор за исламистичката група Ал Шабаб, која често изведува бомбашки напади во Сомалија.

Властите на сојузната држава Хиршабел го потврдија бројот на загинатите во нападот и додадоа дека состојбата на 20 ранети е критична.

Слабо населениот Хиршабел е центарот на најновата воена офанзива на сомалиската влада против упориштето на екстремистите од источноафриканскиот огранок на Ал Каеда, Ал Шабаб.

Ал Шабаб, која често извршува слични напади и контролира делови од Сомалија, не ја презеде одговорноста за нападот.

Зачлени се на нашиот е-билтен