Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Петровска: Дали МВР не ги соопштува иницијалите на убијците кај Мавровка бидејќи биле криминалци барани со потерница?

Во интервју за ТВ 21, Петровска оценува дека по серијата инциденти во Скопје никој не може каже дека се чувствува безбедно, а одговорноста за тоа ја посочи во претседателот на Владата зашто, како што рече, тој аминува нечија неспособност во Министерството за внатрешни работи.

„Откако ВМРО-ДПМНЕ има своја структура раководна во МВР, а тоа не е само со изборот на Владата, туку и претходно со изборот на техничката влада на крајот на јануари годинава, кога не беше сменет само министерот туку и структурата и по вертикала и по хоризонтала, повеќе од стотина решенија беа распределени. Ова само ја покажува неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ да води едно од клучните министерства“, рече Петровска.

Таа за убиството кое се случи кај Трговскиот центар „Мавровка“ оцени дека е симптоматично тоа што МВР не ги објавило иницијалите на двете уапсени лица ниту, пак, на третиот осомничен за случајот по кој полицијата и натаму трага.

„Дали МВР не ги соопштува иницијалите на уапсените. ниту на тој по којшто се трага, затоа што можеби тоа се луѓе кои се затвореници и кои наместо да бидат во затвор се на улица, а по кои МВР имало распишано потерница, но по повеќе од 30 дена не можеле да ги најдат. За жал, требаше да се случи убиство во центарот на Скопје за едниот од нив да биде приведен, а за другиот допрва да се организира акција за негово пронаоѓање“, заклучи Петровска.

Најново