Министерката за одбрана Петровска и член на Централниот одбор на СДСМ вечерва присуствуваше на партиска забава организирана од подмладокот на СДММ. Како еден од најголемите подмладоци во Македонија СДММ е расадник на многу кадри.
Петровска преку својот профил посочи дека нејзината кариера потекнува токму од СДММ.
“Моите почетоци, енергијата што ме движеше, искуството што го стекнав, подоцна и мојот успех, се започна од младите од СДММ.
Младост, љубов, искреност, желба, надеж, визија, енергија, но пред се другарство, чисто и и искрено. Многу дни пребродивме ние, ама заедно…заедно и ќе продложиме вие младите и ние искусните. Ве сакам мои млади социјалдемократи.
Среќен роденден СДММ – еднаш СДММ цел живот СДММ ❤”, објави Петровска на својот профил како поддршка и мотив за младите социјалдемократи.