Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Петровска: Поддржуваме напредок во односите Косово-Србија, Северна Македонија е пример за носење стратешки важни одлуки

Прашањето за дијалогот Приштина-Белград има безбедносните импликации и многу е важно што е е блиску до ситуација кога треба да се носат одлуки, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во гостувањето во ТВ 21.

– Владата и јас како министерка ги поддржуваме разговорите меѓу Косово и Србија. Секое отворено прашање може да предизвика влошување на безбедносната состојба. Имаше такво загрозување изминативе месеци и затоа се интензивираа разговорите и ние сме поддржувач на носењето одлуки – кажа Петровска.

Таа додаде дека носењето одлуки предизвикуваат емоции што можат да направат компликации, но Косово и Србија ги научиле лекциите од минатото.

– Република Северна Македонија на пример изоде тежок пат од она што се нарекува стратешка определба до реализација. Не беше лесна одлука да усвои Преспанскиот договор, но ги гледаме придобивките неколку години подоцна – рече Петровска.

Според неа во одреден момент ваквите одлуки можеби изгледаат неправедни, но стратешките цели треба да бидат реализирани. – Тие беа долг период само на хартија, како определба, но што се правеше по тоа прашање? Сега веќе сме членка на НАТО и зборуваме за членство во ЕУ – кажа Петровска.

Зачлени се на нашиот е-билтен