Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Петровска: Се соочуваме со хибридни и сајбер закани, но ние сме тука да им застанеме на патот

Славјанка Петровска, министерка за одбрана

„Доколку нашата држава не беше земја членка на НАТО ќе кажев дека состојбата е комплицирана. Дали земјата е безбедна ќе кажам – да, бидејќи ние сме земја членка на НАТО, и лесно ми е да го дадам одговорот. Ако почнете да одите по еден пат треба да бидете искрени ако сакате да добиете резултати. Регионот и ние се соочуваме со хибридни и сајбер закани, а целта е да се предизвика рушење на стабилноста на институциите. Ние сме тука да ја изградиме таа отпорност кон тие закани“, изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска, на панелот: „Надворешна, безбедносна и одбранбена политика, предизвици и можности за обезбедување меѓународна соработка и сигурност“, на годишната конференција „Година на нови можности“.

Таа додаде дека Северна Македонија е земја членка на НАТО алијансата и тоа не значи дека сме само набљудувачи и дека само бараме помош. Напротив, со успешна и разумна политика успеавме да се префрлиме од група на земји користнички на помош, во земји кои даваат помош.

Таа додаде дека припадниците на АРМ со гордост учествуват во меѓународни мисии каде допринесуваат за гарантирање на безбедноста и стабилноста.

Не може да останеме имуни на тоа што се случува во Украина, на европско тло. Позициите на Северна Македонија во поглед на овој конфликт се јасни – не оправдуваме насилство, особено не војна врз суверена и независна држава. Затоа и даваме поддршка и политичка, но и воена, медицинска и хумантирана со која помагаме на Украина да ја одбрани сопствената територија, рече Петровска.

Министерката рече дека не смееме да останеме неми на кршењето на меѓународните правила и стандарди.

Д.М.

фото: Ангел Ангеловски

(ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен