Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од министерот Тошковски покажа дека нема неправилности во расчитувањето на случајот за Вања

„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се обидуваше да се затскрие нешто како што паметиме кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт и истите функционери кои тогаш раководеа со одредени министерства, сега ги гледаме во првите редови за поддршка, веројатно им даваат инструкции“, рече министерката за одбрана и носителка на листата во ИЕ6 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Славјанка Петровска во „Аргумент плус“ на ТВ24.

Таа ја потсети јавноста дека по влегувањето во техничката влада, ВМРО-ДПМНЕ најави ревизија на случајот за убиството на малата Вања и за пријавуавањето на исчезнувањата.

„Внатрешната контрола, која е една од секторите каде министерот Тошковски го промени раководниот кадар, најде дека нема никаква забелешка за овој случај за МВР“ рече Петровска.

Таа рече дека се надева дека по екстрадицијата на Палевски, која Република Турција ја одобри, семејството и јавноста ќе добијат целосна разрешница на овој случај.

Петровска посочи дека многу работи се направени изминатите седум години, тоа го покажуваат сите извештаи за борба против корупцијата.

„Можеме да ги погледнеме извештаите на Транспаренси Интернешнл, каде се гледа скокот. Но од оваа позиција на која што сум, дел од актуелната влада, можам да кажам дека треба и може уште повеќе“, рече Петровска.

Таа додаде дека дел од програмата на СДСМ е посветена токму на мерките за борба против корупцијата и организираниот криминал.

„За разлика од некои времиња, кога креатори на корупција беа властодршците од ВМРО-ДПМНЕ и од Белата палата се делегираше корупција, сега се менуваат работите“, рече Петровска.

Таа додаде дека е лицемерно да седите во Белата палата, која е изградена на најркиминален начин и да велите дека сте поборник за борба против корупцијата.

Треба да знаете
Moже да ве интересира