Пијани навивачи од Словачка слетале на скопскиот аеродром – еден е уапсен, на 10 не им бил дозволен влез во државата

На 10.12.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север е пријавено дека во воздухоплов кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот и по слетувањето не ги почитувале правилата, агресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници и екипажот.

„Полициски службеници веднаш пристигнале на местото и по преземени мерки го приведоа Л.Т.(38) од Словачка, а на 10 други лица, исто така, од Словачка, не им беше дозволен влез во државата од безбедносни причини. По целосно документирање на случајот, против Л.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава“ се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Навивачите од Словачка допатувале во Скопје да го бодрат тимот на Слован Братислава кој вечерва ѝ гостува на тетовска Шкендија, во важен меч за пласман во следната рунда.

Зачлени се на нашиот е-билтен