Пладневна состојба на граничните премини

25 август 2025 — АМСМ информира дека поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила. На ГП „Табановце“ времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања при влез или излез.

Поради пожар во Националниот парк „Јасен“, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје останува затворен за сообраќај за сите видови возила.

АМСМ апелира за прилагодена брзина, почитување на сигнализацијата и зголемено внимание, особено на делниците каде е можна појава на одрони: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Зачлени се на нашиот е-билтен