Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Западен Балкан: Понуда за изградба на посилни економии и придобивки за бизнисите, работниците и потрошувачите

Како одговор на невидените предизвици со кои се соочува Западниот Балкан, а кои произлегуваат од потребата за заживување на економиите по ковид пандемијата и актуелното влијание на руската агресија врз Украина, Европската комисијата предлага ЕУ да даде храбра понуда до земјите од регионот во форма на План за раст што ќе обезбеди можности за зајакнување на нивната социо-економската конвергенција, нивно доближување до единствениот пазар на ЕУ во многу области, како и значителната дополнителна финансиска поддршка. 

Ова се наведува во Планот за раст на Западниот Балкан на Европската комисија, во кој увид имаше дописникот на МИА од Брисел. 

– Понудата има за цел да донесе некои од економските придобивки во претпристапниот период за да изгради посилни, поотпорни економии и да обезбеди секојдневни економски придобивки за бизнисите, работниците и потрошувачите. Ова, пак, ќе има придобивки за целата ЕУ – интеграција на добро подготвени и економски посилни земји кои ги применуваат правилата и стандардите на ЕУ веќе пред нивното пристапување, се наведува во Планот. 

Според ЕК, за да го искористат потенцијалот на овој План за раст, партнерите од Западен Балкан ќе треба да преземат решителни напори да напредуваат и на домашната реформска агенда и на зајакнување на економската интеграција во регионот.  

– Нивните власти имаат одговорност ефективно да комуницираат за Планот за раст и неговото спроведување. Заедно, Западен Балкан и ЕУ треба да ја искористат оваа можност за да го забрзаат напредокот на пристапниот пат, се наведува во документот.

Зачлени се на нашиот е-билтен