Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

План за „спас“ на Скопје: Какви решенија денеска ќе понуди Арсовска?

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска ќе го презентира планот за „спас“ на Скопјепо координацијата во 11 часот со советничките групи Арсовска треба да презентира решенија за проблемите во главниот град.

Освен за Комунална Хигиена, на средбата ќе се дискутира и за јавниот превоз. Недостигот на автобуси е голем и треба да се најде итно решение оти учебната година започнува за десетина дена и ќе има проблем при превозот на патници. Арсовска на прес конференцијата рече дека Владата има долг од 8 милиони евра за бесплатен превоз на студентите кој не се исплаќа неколку години и затоа нема доволно автобуси, а ВМРО-ДПМНЕ не гласа да се набават нови.

„На последната седница ја прашавме градоначалничката колку пари има спремно во касата на градот за автобусите за да можеме ние како советници да изгласаме нешто што би требало да е законски. Таа излезе на говорница и кажа дека има еден денар. По таа нејзина изјава вие може да разберете дали нејзината намера за набавка на автобуси е искрена или не е. Советот не може да е крив за неефективноста на Градот и за службите кои работат во претпријатијата. Таму има директори, заменици, шефови, раководители кои земаат плата и треба да ги оправдаат своите плати. На ЈСП не му треба одлука на совет за да набави делови, за да ги сервисира автобусите“ – Мартин Стојановски, ВМРО-ДПМНЕ

Гордан Шутаров од советничката група на СДСМ, пак, вели наместо да земат да работат, оние кои го уништија Скопје меѓусебно се препукуваат врз грбот на скопјани кој бил крив.

„Заглавени се бројни значајни проекти, Скопје уназадува. Негласањето за НИШТО и Блокадите на советниците на ДПМНЕ, и меѓусебните опструкции прават огромна штета на граѓаните на Скопје. Упатуваме искрен и добронамерен апел, ДПМНЕ и Асровска да ги прекинат препукувањата и да земат да работат, колку-толку, за конечно нешто во Скопје да се направи. Наместо дневно препукување да кажат кои капитални проекти ќе ги поддржат, кои програми ќе се изгласаат и во овој краток период кој им преостанува до локалните избори барем малку ја поправат состојбата во Скопје“ – Гордан Шутаров, СДСМ

Овој состанок на Арсовска со советничките групи следи откако во понеделникот градоначалничката се сретна со Мицкоски. На таа средба, министерот за локална самоуправа Перински рече дека Арсовска не понудила ништо, а денеска тоа го потврди и премиерот.

„Ама немаше план. За да прифатите нешто, вие треба да имате план. Јас ја повикав бидејќи бараше средба, за да го слушнам планот. План не слушнав. Дадовме неколку идеи што да направи. Да го видиме прво планот на градоначалничката и потоа, се разбира, ќе сториме се за да го заштитиме интересот на скопјани“ – Христијан Мицкоски, премиер

Градоначалничката на прес конференција неколкупати кажа дека предложила конкретен план, но не кажа какви решенија понудила.

Најново