Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Платата на претседателот на САД е шестпати поголема од просечната плата во земјата

Платата на претседателот на САД е шестпати поголема од просечната плата во земјата, сепак, првиот човек на САД не зема милионска сума како што многумина мислат.

Претходниот мандат Доналд Трамп се откажа од својата плата, засега нема такви информации.

Неговата годишна плата е 400.000 долари, а добива и 50.000 долари за трошоци. Но, претседателот не мора да плаќа кирија, има бесплатен персонал, лимузина и други превозни средства. По неговото пензионирање, до крајот на животот има годишна пензија од 240.000 долари.

Не е обична работа да се биде претседател на САД. Па така, работното време не е од 9 до 17 часот, секако и самата работа носи голема одговорност. Поради тоа, очекувано е платата на претседателот да биде повисока од просечната, но колку повисока?

Последните четири претседатели на САД, Џозеф Бајден, Доналд Трамп, Барак Обама и Џорџ В. Буш, имале плата од 400.000 долари годишно, а добивале и надомест за трошоци од 50.000 годишно. Исто така живееле бесплатно во Белата куќа, бесплатен превоз и бесплатно здравствено осигурување, кое вклучува приватен медицински тим сместен во Белата куќа.

Платата на претседателот била покачувана пет пати од 1789, кога бил одбран првиот претседател. Последното покачување било направено во 2001 година. Сепак, тука треба да се земе предвид и инфлацијата, па така поранешните претседатели сепак заработувале многу, иако тоа изгледа малку од денешна перспектива.

Во 1789 година платата на претседателот на САД изнесувала 25.000 долари, за во 1873 година да се покачи на 50.000. Последниот пат била покачена во 2001 од 200.000 на 400.000 долари. Многу кандидати за претседател веќе се богати кога се одбрани да ја водат земјата. Некои побогати претседатели ги донираат платите или дел од платата. Актуелниот претседател Доналд Трамп ветил дека ќе ја донира платата во неговата прва година од мандатот во хуманитарни цели.

Откако ќе ја напуштат Белата куќа, претседателите добиваат пензија во износ од 205.800 долари годишно. Освен тоа, многу поранешни претседатели заработуваат и на друг начин, како преку говори, пишување книги или работа на филм или во телевизија.

Зачлени се на нашиот е-билтен