Секоја година истата песна иако годинава и немаше многу туристи кои се жалеа на високите цени, но да не заборавиме, сезоната во Охрид го доживува врвот во август.
Не дека сите угостители се исти. Голем број од нив ја научија лекцијата од претходните години, но ете, се уште има ресторани кои некогаш нудат навистина неверојатни цени.
Јасно е, сега охриѓани ќе почнат да се лутат и да негодуваат. Ќе не потсетуваат дека има локали каде што можеме евтино да јадеме и да уживаме, ама веројатно ќе мора да се согласат, цената од 4.900 денари за охридска пастрмка по килограм е превисока.
На социјалните мрежи е објавена прилично висока сметка од речиси 1.000 евра, но гостите во овој ресторан за 3 килограми пастрмка платиле 14.700 денари.
Иако во дел од коментарите може да се прочита дека гостинот не морал да порача толку скапа риба, сепак тој им одговара дека ја немало во менито, но бидејќи е во бизнисот со риба, не ја очекувал оваа цена.