Плажа во Кан ќе го носи името на Брижит Бардо

Градоначалникот на Кан, Давид Лиснар, денес соопшти дека сака да ѝ оддаде почит на француската филмска икона Брижит Бардо, по која ќе биде именувана плажата Маз во овој град, пренесува „Фигаро“.

Плажа што се наоѓа покрај Кроазетата во Кан од сега ќе се вика „Плажа Брижит Бардо“, објави градоначалникот токму на денот кога актерката беше погребана на гробиштата покрај морето во Сен Тропе.

„Големата јавна плажа во Кан ќе го носи нејзиното име“, рече Лиснар.

Според него, Бардо била симбол на слобода и независност, а плажата Маз истовремено е и место каде се одржуваат проекции за време на Филмскиот фестивал во Кан.

Брижит Бардо почина на 28 декември на 91 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен