Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пленковиќ на КОП28: Зголемувањето на глобалното затоплување мора да се ограничи на два степени

 Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска на климатскиот самит КОП28 во Дубаи изјави дека целта за ограничување на зголемувањето на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови повеќе не е остварлива, но оти светот сега мора да дејствува решително за да го задржи под два степени, а особено побогатите земји кои испуштаат најголеми количества гасови.

Најбогатите 10 проценти земји во светот се одговорни за половина од емисиите на CO2, додека најсиромашната половина од човештвото создава само осум отсто од емисиите, нагласи тој.

– Повеќе од кога било, мора да дејствуваме без одлагање и пропорционално на нашето влијание врз глобалното затоплување. Хрватска е решена да ја игра својата улога на сигурен партнер во рамките на Конвенцијата на КОП, го заврши своето обраќање хрватскиот премиер.

Пленковиќ истакна дека глобалното затоплување се забрзува, наместо да се забавува, како и дека се зголемува емисијата на гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина.

Пленковиќ потсети дека за прв пат во историјата на човештвото, на 17 ноември годинава е достигната границата на затоплување од два степени повеќе во однос на прединдустрискиот период.

Зачлени се на нашиот е-билтен