Пливањето во оваа река е забрането од 1923 година, а мештаните сега сакаат да го променат тоа: Имаат добра причина

По еден век забрана за пливање во германската река Шпре поради загадувањето кое некогаш беше толку силно што го загрозуваше здравјето на луѓето, граѓаните на Берлин сега бараат укинување на забраната и тоа со добра причина.

Околу 200 луѓе скокнаа во зелената, бавно движечка вода на Шпрее во берлинскиот кварт Мите, во близина на познатиот остров Музеј, за да покажат дека водата не само што е доволно чиста за да се плива, туку и вистинско освежување среде летните горештини.

Групата Fluss Bad Berlin (буквално „River Basin Berlin“) со години лобира да ја отвори реката за капачите.

„100 години на луѓето не им беше дозволено да пливаат во Шпрее во центарот на градот. Веќе не мислиме дека оваа забрана е оправдана, бидејќи можеме да покажеме дека квалитетот на водата во текот на сезоната е генерално задоволителен“, рече Јан Едлер, член на одборот на оваа иницијатива и еден од организаторите на вчерашната „инвазија на реката“

За да ја заобиколат формалната забрана, тие го организираа настанот како официјален протест.

Градот размислува да дозволи пливање веќе во 2026 година.
Стоејќи на малите скали кои водат до каналот Шпрее, Едлер нагласи дека граѓаните сакаат повторно да ја користат реката за рекреација.

Тој посочува дека водата е темелно прочистена, дека редовно се следи квалитетот и дека е значително подобрен во последните десет години.

Дури и градските власти во берлинската општина Мите изјавија дека се заинтересирани во 2026 година повторно да се овозможи капење во Спре.

„Има уште многу работи што треба да се разјаснат, но јас сум оптимист дека тоа може да функционира“, изјави за германската новинска агенција ДПА, градскиот советник за урбанизам, Ефраим Готе.

Ако тоа го можат Париз, Виена и Амстердам, зошто да не и Берлин?

Поддржувачите на идејата се повикуваат на примерите на другите европски градови: во Париз, Сена е отворена за пливање поради Олимписките игри во 2024 година, а во текот на ова лето ќе биде достапна за парижаните, за прв пат од 1923 година. Во Виена граѓаните пливаат во Дунавскиот канал, во Базел во Рајна, а во Амстер има одредени зони за пливање.

Зачлени се на нашиот е-билтен