По цела ноќ мината во студ и снег, успешно спасени две лица кај Лазарполе

Спасувачка драма се одвивала синоќа во близина на селото Лазарополе, откако во снегот заглавиле две лица вработени во телекомуникациски оператор.

Како што информира Министерството за внатрешни работи синоќа во 23:30 часот, во СВР Тетово било пријавено дека двајца вработени во мобилниот оператор А1, кои се наоѓале над село Лазарополе, во близина на базната станица на операторот, биле заглавени во снег.

Со лицата не можело да се воспостави контакт поради отсуство на мобилна мрежа.

„Веднаш по пријавата, случајот бил проследен до ПО Ростуше, по што биле ангажирани припадници на Оддел за специјални полициски операции и Одделот за униформирана полиција при МВР како и припадници на Дирекцијата за заштита и спасување. Со две теренски возила, опремени со санки за снег и соодветна спасувачка опрема, екипите се упатиле кон местото на настанот“ велат од МВР.

Утрово во 08:30 часот, лицата биле пронајдени и успешно извлечени во добра здравствена состојба. Станува збор за лицата Г.Н. (47) и М.М. (37), двајцата од Скопје, кои се движеле со теренско возило марка „VW Amarok” со скопски регистерски ознаки.

Тие биле пронајдени на локација позната како „Коритник”, во близина на предавателот на мрежата на А1, на атарот на село Лазарополе.

Зачлени се на нашиот е-билтен