Скопје повторно се гуши во чад: активен е пожарот во Шуто Оризари каде што гори депонија, а под контрола е оној во Дрисла, на територија на Општина Студеничани, соопштија од Центарот за управување со кризи.
До 12.30 часот денеска, на територијата на Македонија се регистрирани два пожара на отворен простор – еден активен и еден под контрола. По Вардариште и Дрисла, депониски пожари повторно ја кренаа на нозе противпожарната служба и властите.