По критиките од јавноста Мицкоски кочи, ќе немало проширување на Владата како што најави Вреди

Мицскоски рече дека реконструкција на Владата засега ќе нема, Вреди бара уште едно до две министерства

Премиерот Мицскоски рече дека реконструкција на Владата засега ќе нема, а испразнетите ресори со кои раководеше вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ќе бидат пополнети, за што последниот збор ќе го даде тој како мандатар.

Во однос на информациите дека по заминувањето на Меџити како градоначалник на општина Чаир, коалицискиот партнер ВРЕДИ го предложил Беким Сали за прв вицепремиер и оти за министер за животна средина и просторно планирање ќе биде назначен друг, Мицкоски рече дека тоа е одлука на коалицискиот партнер и оти не значи дека ќе има место повеќе во владиниот кабинет.

„Тоа не значи дека ќе има ресор повеќе. Тоа си е одлука на нашиот коалиционен партнер. Јас имам високо мислење за Беким Сали. Апсолутно, тука не треба да имаме никаква дилема. Но тоа не значи дека ќе има место повеќе во владиниот кабинет“, рече Мицкоски.

Веднаш по изборот на првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити за градоначалник на Чаир, беше најавено дека Беким Сали ќе го замени но само во делот прв вицепремиер.

„За министер за животна средина коалицијата „Вреди“ ќе предложи друг кандидат“, кажа портпаролот Дритон Сулејмани.

Беше најавено дека од сегашните 6 министри, „Вреди“ ќе има 7, но со тенденција во претстојната владина реконструкција тој број да порасне барем за уште еден ресор/министер.

Но, премиерот Мицкоски денеска рече дека реконструкција на Владата не се прави само за да се реконструира, туку треба да се размисли новото кадровско решение да биде подобро од претходното.

„Тоа е еден процес на сериозна анализа. Јас сум подготвен со сите чинители на Владата да седнам и да разговарам, да ги слушнам нивните идеи. Но, повторно ќе кажам, мандатар на владата сум јас“, нагласи Мицкоски.

На прашањето дали по завршувањето на локаните избори имало интерес од одреднеи структури од НАИ да бидат дел од Владата, премиерот кажа дека веднаш по изборите отпатувал во Брисел и оти досега не разговарал со никој на оваа тема.

Зачлени се на нашиот е-билтен