Хибридната закана е жешка тема во Германија и Европа по серијата интернет напади и појавата на беспилотни летала околу чувствителна инфраструктура.
Во секој случај, мнозинството германски граѓани веруваат дека нивната земја е под вистинска закана, според анкета.
Во анкета на институтот YouGov за „Зидојче Цајтунг“, 61 процент од испитаниците ја оцениле хибридната закана како сериозна или многу сериозна, а една четвртина рекле дека се чувствуваат донекаде загрозени, пишува dpa.

Само три проценти од повеќе од 2.000 испитаници од репрезентативен примерок процениле дека нема закана.
Хибридниот напад комбинира повеќе методи за ослабување на целта. На пример, воен напад може да биде засилен со кибернапад, но и дезинформациите на социјалните мрежи спаѓаат во истата категорија.
Министерството за одбрана предупреди дека напаѓачот се обидува да го дестабилизира општеството и да влијае на јавното мислење. Политичарите, службите и експертите го покажуваат прстот кон Русија.