По пучот, Мадагаскар добива нов претседател – Африканската унија ја суспендира земјата

Новиот воен лидер на Мадагаскар, Мајкл Рандрианирина, соопшти дека утре ќе положи заклетва за претседател, откако со државен удар беше симнат досегашниот лидер Андри Рајоелина.

Африканската унија ја суспендираше членството на Мадагаскар со моментален ефект, повикувајќи на враќање на цивилна власт и организирање избори. Според Унијата, овој потег има значајна политичка тежина и може да го изолира новото воено раководство на земјата.

Рандрианирина изјави дека војската ја презела власта и ги распуштила сите институции освен Националното собрание, а транзициската влада ќе управува до две години пред да се одржат нови избори.

Мадагаскар, со население од околу 30 милиони жители, е една од најсиромашните земји во светот — околу три четвртини од граѓаните живеат во сиромаштија.

Зачлени се на нашиот е-билтен