Во реката Вардар преку оградата на мостот „Мајка Тереза“ што ги поврзува булеварите „Кочо Рацин“ и „Крсте Мисирков“ во близина на МАНУ кај „Веро Џамбо“ утрово излета парничко возило.
Како што соопштија од СВР Скопје, изутринава во 07.23 часот е пријавено дека патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски таблички, управувано од В.К. (32), ја пробило заштитната ограда на мостот „Мајка Тереза“ и паднало во реката Вардар. В.К. е пренесн во ГОБ „8-ми Септември“ за укажување на помош.
Нема информации каква е состојбата на возачот и дали во автомобилот имало и други патници.
По извршениот увид на полицијата екипа на ЈП “Улици и патишта” Скопје, интервенираше на санација на заштитната ограда на мостот.
„Одбојната ограда на мостот е времено санирана со цел одржување на безбедноста на пешаците и возилата кои движат во овој дел од градот. Оштетувањето на заштитната ограда од мостот беше предизвикано од возило кое утрово излета во водите на река Вардар. По налог на Град Скопје и во корелација со МВР, штетата на оградата навремено е санирана, ЈП Улици и патишта апелира за внимателност во движењето на учесниците во сообраќајот“, велат од ЈП Улици и Патишта.