Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го потресе источниот дел на Куба во неделата, по неколкунеделни урагани и прекини на струја.
Епицентарот на земјотресот се наоѓал на приближно 40 километри јужно од Бартоломе Масо, Куба, според извештајот на Геолошкиот институт на САД.
Земјотресот се почувствувал низ источниот дел на Куба, вклучително и во поголемите градови како Сантијаго де Куба. Засега нема извештаи за повредени и жртви, а на социјалните мрежи се споделуваат фотографии и видеа од материјална штета.
Изминативе две недели Куба беше погодена од два урагани, кои предизвикаа материјална штета, но и го оштетија кревкиот систем за снабдување со електрична енергија на островот, поради што на два пати, сите жители на Куба остана без струја.
6.8 magnitude earthquake shakes Cuba after hurricanes and blackouts https://t.co/t32GeokDDY pic.twitter.com/AYlYZYImgr
— The Independent (@Independent) November 10, 2024