Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Почина актерот Мето Јовановски: Препознатливиот израз и култните реплики го обележаа македонското глумиште

На 77-годишна возраст денеска почина театарскиот, филмски и телевизиски актер Мето Јовановски.

Роден е во 1946 во с. Панчарево, Пехчевско. Актерската кариера ја започнал на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Во 1971 година завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје.

Првата филмска улога ја остварува во „Македонскиот дел од пеколот“, и со подоцнешниот опус во македонската и ексјугословенската кинематографија создаде уникатен и препознатлив израз. Неговите реплики и ден денес имаат култен статус меѓу филмофилите.

Глобалната филмска дата-база бележи дека Јовановски има остварено точно 100 улоги на филм и ТВ. Неговите незаборавни улоги се во филмовите „Најдолгиот пат“, „Црвениот коњ“, „Среќна нова ’49“, „Тетовирање“, „Време води“, „Пресуда“, „Оловната бригада“, „Време, води“, „Македонска сага“, „Пред дождот“, „Ангели на отпад“, „Трето полувреме“, „Златна петорка“, „Засега без добар наслов“, „Куќа покрај пругата“…

За своите театарски, филмски и телевизиски актерски остварувања ги има добиено највисоките државни награди „Свети Климент Охридски“, „11 Октомври“ и „13 Ноември“, како и десетици други награди и признанија од филмската и театарска фела.

Треба да знаете
Moже да ве интересира