Македонскиот бизнисмен и мотоентузијаст Душко Чифлиганец (33) им подлегна на повредите здобиени денеска при пад на мотоциклистичка трка на автодромот во Брно, Чешка. Јавија македонските медиуми. Доцна попладнево беше информирано дека Чифлиганец бил хоспитализиран со тешки повреди на главата и телото и неколку часа се бореше за живот, но лекарите не успеаја да го спасат.
Според првичните информации од организаторите, несреќата се случила во брз свиок кога возачот изгубил контрола и излетал од патеката. Чифлиганец веднаш бил префрлен во Универзитетската болница во Брно, каде подоцна била констатирана смрт.
Душко Чифлиганец беше заменик-претседател на „Адора бизнис групација“ и директор на Adora Living Solutions. Под водство на семејството Чифлиганец, групацијата се прошири во градежништво, банкарство и енергетика во Македонија, Србија и Грција.
Од оваа година беше ко-основач на Adora Prime Capital. Prime Capital powered by Adora“ на Волстрит во Њујорк, македонскиот бизнис доби своја прва институција во самото срце на светските финансии. Ова е првата инвестициска консултантска компанија со македонско потекло и капитал што ја има стекнато престижната акредитација од U.S. Securities and Exchange Commission (SEC) — водечкото регулаторно тело за хартии од вредност во САД. Со тоа, Prime Capital се приклучува кон врвот на глобалните финансиски играчи.