Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Почина француската глумица Анук Еме

На 93-годишна возраст, вчера во Париз почина француската глумица Анук Еме. Веста за смртта ја соопшти претставник на агенцијата „Тајмарт“ (TimeArt), а ја потврди нејзината ќерка Мануела Папатакис на Инстаграм.

Анук Еме е позната по улогите во филмот на Клод Лелуш – „Еден маж и една жена“ (1967) и „Долче вита“ (1960) на Федерико Фелини.

Зад себе има 92 филмски и ТВ-проекти, номинација за „Оскар“ за главна женска улога во „Еден маж и една жена“, како и 20-на други одличја и номинации.

Последен филм каде што таа глуми е „Најдобрите години од еден живот“ од 2019 година.

Треба да знаете
Moже да ве интересира