Француски дипломатски функционер почина од повредите здобиени неделава за време на израелски бомбашки напад во Појасот Газа, соопшти француското Министерство за надворешни работи, пренесе ДПА.
Службеникот се засолнил во куќата на еден од неговите колеги од францускиот конзулат во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, во близина на границата со Египет, со уште двајца колеги и членови на семејството, соопшти француското министерство.
Во средата, се додава во соопштението на француското МНР, пренесено од ДПА, куќата во Рафа била погодена во израелско бомбардирање, при што францускиот дипломат бил повреден, а во нападот загинале околу 10 лица. Дипломатот, кој на служба бил од 2002 година, подоцна им подлегнал на повредите.
„Франција го осудува бомбардирањето на станбената зграда, што предизвика смрт на многу други цивили“, соопшти француското МНР и додаде дека бара израелските власти што поскоро да ги расветлат околностите на овој бомбашки напад.
Шефицата на француската дипломатија Катрин Колона денеска во Тел Авив треба да има серија разговори со израелските претставници