Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Почина големиот француски и светски филмски глумец Ален Делон

Ален Делон како Џеф Костело во „Самурај“ на Жан-Пјер Мелвил
Ален Делон како Џеф Костело во „Самурај“ на Жан-Пјер Мелвил

Почина големиот француски и светски филмски глумец Ален Делон. Веста ја потврдија неговите деца, пренесоа агенциите

За Французите, Делон е ултимативниот филмски „гран бет“ (голем ѕвер), кој ја шармираше Европа и го трасираше патот на филмот во текот на 1960-тите, глумејќи во хитови како Роко и неговите браќа (1960) и Леопард (1963), објави неодамна Би-Би-Си.

Ален Делон остави трајна трага и изврши огромно влијание во филмската уметност со неговата улога на Џеф Костело во филмот „Самурај“ на Жан-Пјер Мелвил, еден од големите режисери на францускиот „црн бран“.

Пари мач и други слични списанија со децении ги следеа сите детали од неговата плодна кариера и подеднакво плодниот љубовен живот.

Детството и адолесценцијата на Делон биле болни и проблематични, што веројатно оставило свој белег на последователното градење на односите со неговите синови.

Роден е во предградијата на Париз во 1935 година.

Имал само четири години кога неговите родители се развеле, а тој завршил во згрижувачко семејство.

Како момче бил бунтовник.

Се пријавил во морнарицата и учествувал во воени операции во Индокина, но бил изведен пред воен суд поради кражба на џип.

Во Париз во доцните 1950-ти, тој живеел меѓу проститутки и гангстери пред неговиот изглед да го одведе во светот на филмот каде што оствари исклучително впечатливи улоги, пишуваше Би-Би-Си.

Преземено од Трн.мк

Најново