Рускиот поет Лев Рубинштајн (76), клучна фигура на советската андерграунд книжевна сцена и жесток критичар на претседателот Владимир Путин, почина шест дена откако беше удрен од автомобил во Москва, пренесе Би-Би-Си.
Тој беше удрен од автомобил на 8 јануари, по што беше неколку дена во кома.
Рубинштајн беше познат по ко-основачот на концептуалистичкото движење.
Тој во седумдесеттите и во осумдесеттите години на минатиот век, преку различни форми на уметност ги поништувал традиционалните норми од советската ера и ја критикува официјалната доктрина на социјалистичкиот реализам – идеологија истакната за време на Советскиот Сојуз.
Организацијата за човекови права „Меморијал“ го опиша Рубинштајн како „остроумен и ироничен“. Оваа група е една од најстарите групи за граѓански права во Русија, но во декември 2021 година мораше да биде затворена бидејќи Москва ја интензивирала својата репресија поради војната со Украина.