Лазе Манасков, македонски актер и културен работник почина денес во Скопје.
Манасков зад себе остави значаен печат на македонската сцена преку бројни улоги, посветена работа и исклучителна љубов кон театарот. Колегите го паметат како професионалец, искрен пријател и уметник кој секогаш настапуваше со срце и одговорност кон сцената.
Во знак на почит кон неговиот живот и уметнички придонес, вечерешната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј“ ќе се одигра во негова чест.
Делото на Манасков остава траен белег во македонското актерство а бројни колеги се збогуваат од него преку социјалните мрежи.