Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Почина новинарот Саше Димовски

По долги и тешки здравствени проблеми на 47-годишна возраст почина новинарот Саше Димовски, кој во јавноста беше познат по следењето на случувањата во правосудниот систем.

Беше претседател на Советот на честа на Здружението на новинарите а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Работниот век го помина во бројни телевизии, следејќи теми од областа на правосудството, меѓу кои „Канал 5“, „Сител“, „Алфа ТВ“, „Фокус“. Го основаше сајтот за следење на теми од областа на судството „Сведок“ и соработуваше со бројни медиуми. Автор е на огромен број публикации од областа на правосудството и медиумската етика.

Беше автор на голем број публикации од областа на правосудството и медиумите.

Семејството и дел од пријателите веќе се простуваат од него на социјалните мрежи.

Погребот ќе се изврши утре, 07.08.2024, на новите Градски гробишта во Велес.

Зачлени се на нашиот е-билтен