Поранешниот албански премиер Фатос Нано почина на 73-годишна возраст по неколкунеделно лекување во приватна болница во Тирана, каде што беше хоспитализиран во тешка состојба по срцев удар. Веста ја објави „Euronews Albania“, наведувајќи дека Нано бил во во тешка состојна со недели пред да им подлегне на компликациите.
Нано е една од клучните политички фигури на албанскиот транзициски период: основач и прв лидер на Социјалистичката партија и премиер во три мандати — кратко во 1991 година, потоа 1997–1998 и 2002–2005 — со улога во модернизацијата на левицата и европеизацијата на политичкиот систем во Албанија.
Во изминативе недели албанските медиуми редовно информираа за критичната здравствена состојба на Нано, вклучително и дека е во интензивна нега и на апаратури за одржување во живот, што го засили интересот на јавноста пред денешната потврда за неговата смрт.
 
				 
				 
															