Режисерот и сценарист Здравко Шотра, автор на некои од најгледаните телевизиски и филмски класици во поранешна Југославија, почина на 93-годишна возраст, пренесува РТС.
Во неговиот богат опус се вбројуваат повеќе од 120 филмски и телевизиски остварувања, меѓу кои култните „Зона Замфирова“, „Лајање на ѕвездите“, „Ивкова слава“, како и незаборавните серии „Врућ ветар“, „Грлом у јагоде“ и „Бољи живот“.
Шотра во своите дела маестрално го прикажуваше животот на малите луѓе – предвоените дами, револуционерите, занаетчиите и визионерите – создавајќи свет што ги спојува хуморот, историјата и човечноста.
Роден е во Стоца во 1933 година, дипломирал режија во Белград во класата на професорот Вјекослав Африќ, а целата своја професионална кариера ја поминал на Телевизија Белград, каде што работел од нејзиното основање во 1958 година до 2001 година.
Неговите дела остануваат трајно сведоштво за еден културен и емотивен универзум што ги обединуваше генерациите низ целиот Балкан.