Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Почна кнститутивната седница на град Белград

 Во зградата на градскиот парламент денеска почна конститутивната седница на Собранието на град Белград.

Прва точка на дневен ред е потврдување на мандатот на одборниците кои беа избрани на изборите во Белград на 2 јуни и избор на претседател на собранието и именување секретари на собранието, како и нивни заменици. 

Седницата ја закажа Привремената управа на чело со Александар Шапиќ, кој е и кандидат на листата „Александар Вучиќ – Белград утре“ за градоначалник на Белград. Функционерот на СПС, Никола Никодијевиќ, повторно ќе биде предложен за претседател на Собранието, што би бил негов четврти последователен мандат, пишува весникот „Данас“. Според изборните резултати, движењето Тргни-Промени на Саво Манојловиќ освои најмногу мандати по СНС – 21, додека коалицијата „Бирамо Београд“ доби 14. СНС ќе има 64 мандати од вкупно 110.

Во градскиот парламент девет советнички мандати ќе има листата на д-р Бранимир Неесторовиќ „Ние сме силата на народот“, како и Руската партија со двајца советници. Манојловиќ рече дека советниците на тоа движење ќе ги верификуваат советничките мандати, а потоа во знак на протест ќе ја напуштат седницата на белградското Собрание. 
Белградски медиуми јавија дека не се знае засега кои од опозициските претставници ќе учествуваат на седницата.

Зачлени се на нашиот е-билтен