Во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад почна Самитот на Арапската лига посветен на конфликтот меѓу Израел и Хамас. Потоа, како што наведуваат дел од западните агенции, форумот ќе прерасне во самит на лидерите на земјите од Организацијата за исламска соработка.
На почетокот на средбата саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман изјави дека Израел „сноси одговорност за злосторствата извршени врз палестинскиот народ“. Тој повика на прекин на опсадата на Појасот Газа и итен прекин на воените операции и ослободување на заложниците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас рече дека Палестинците се соочуваат со „неспоредлива геноцидна војна“ и ги повика САД да извршат притисок врз Израел да ја прекине својата офанзива во Појасот Газа. Абас исто така рече дека на Палестинците им е потребна меѓународна заштита од израелските напади.
И египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси повика на итен прекин на огнот во Газа „без услови и ограничувања“.