Вториот круг од локалните избори во земјата ќе се одржи утре, додека денеска вообичаено први гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во старските домови.
Во вториот круг од локалните избори 2025 в недела се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници. Право на глас имаат 1 013 375 граѓани.
Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), денеска треба да гласаат 4 826 болни и изнемоштени лица, чии барања се одобрени од Општинските изборни комисии. Ќе гласаат и затворениците и лицата во домашен притвор од општините каде се бираат градоначалници.
Изборната кампања за вториот круг од изборите заврши синоќа на полноќ, и ќе трае до утре до 19 часот.
Гласањето започнува во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Изборите ќе ги следат 1 598 меѓународни и странски набљудувачи, од кои 933 странски и 651 меѓународен.

