Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Под силно полициско обезбедување започна чествувањето на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски (Фото: Андреја Салпе)

Под силно полициско обезбедување денеска делегации, функционери, политичари и граѓански здруженија полагаат цвеќе на гробот во Црквата Свети Спас во Скопје, одбележувајќи го раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Според досегашните најави почит пред гробот на Гоце Делчев ќе оддадат претседателот Стево Пендаровски, владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, во чиј состав ќе бидат и првиот вицепремиер Артан Груби и министрите за одбрана Славјанка Петровска, за внатрешни работи Оливер Спасовски и за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, како и делегација на Собранието. Еден час подоцна се очекува почит да оддаде и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Делегација од Бугарија неофицијално се очекува да пристигне околу 12 часот.

На новинарите не им е дозволен влез во црквата, а од друга страна, снимателите и фоторепортерите не смеат да излезат надвор од црквата во обезбедената зона.

Најново