Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Поднесени четири кандидатури за претседател на ДПМ

Четворица членови на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) поднеле кандидатури за претседател, додека двајца за претседател на Собранието во предвидениот рок за претстојното Вонредно собрание на ДПМ. 

– Во врска со претстојното Вонредно изборно собрание на ДПМ закажано за 25 ноември годинава, во предвидениот рок (до 4.11.2023.) според Статутот на асоцијацијата, кандидатури за раководни фукции поднесоа шест члена на ДПМ, соопштија од ДПМ.

Кандидатури за претседател на ДПМ поднесоа: Живко Грозданоски, Блаже Миневски, Мирче Нешовски и Гоце Ристовски, а за претседател на Собранието на ДПМ: Иван Антоновски и Стефан Марковски, соопшти ДПМ. 

Зачлени се на нашиот е-билтен