Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Подољак: Украина не е вмешана во нападот кај Москва, терористичките напади не решаваат никакви проблеми

Советникот на шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, Михаил Подољак изјави дека Украина наводно не е вмешана во терористичкиот напад на Крокус Сити Хол.

– Како прво, Украина се бори со руската армија повеќе од две години. И сè во оваа војна ќе се решава само на бојното поле. Само по количина на оружје и квалитетни воени одлуки. Терористичките напади не решаваат никакви проблеми, напиша Подољак на Х.

Второ, додава тој, Украина никогаш не прибегнала кон употреба на терористички методи.

– И трето, долго пред настаните во Крокус Сити Хол слушнавме јавни предупредувања од странските амбасади стационирани во Москва за можноста од такви крвави ексцеси, наведува Подољак.

Во терористичкиот напад во Крокус загинаа 40 лица, повеќе од 100 се повредени, потврди Андреј Воробјов, гувернерот на московскиот регион и изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Тој информира дека лекарите продолжуваат да им пружаат помош на сите настрадани.

Зачлени се на нашиот е-билтен