Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Подводна еко акција за чистење на Охридското Езеро кај Струга

Клубот за подводни активности „Норкач“ од Струга во соработка со Camping SCOUT, Diving.mk и нуркачки клуб „Сирена“ в сабота ќе ја реализираат втората еко акција за чистење на дното на Охридското Езеро кај Струга.

Целта, според најавата, е зачувување на природната убавина и богатство на Охридското Езеро и подигање на свеста за значењето на заштитата на животната средина.

– Целта на оваа иницијатива е да се одржи чистотата и убавината на нашето природно наследство, а воедно и да се инспирираат локалните заедници и посетителите да преземат активна улога во заштитата на животната средина. Охридското Езеро е од непроценливо значење не само за локалното население, туку и за целата земја, и затоа е важно сите заедно да го зачуваме неговото здравје и убавина, се вели во соопштението на „Норкач“.

Во еко акцијата, како што најави клубот за подводни активности „Норкач“, ќе учествуваат и други нуркачки клубови од Македонија и Србија. Поддржувач на проектот, е друштвото за управување со отпад „Нула отпад“.

Ги повикуваат сите заинтересирани граѓани, организации и медиуми да се придружат и да ја поддржат оваа акција.

Зачлени се на нашиот е-билтен