Во кафе-книжарницата „Буква“ вечер во 20 часот ќе се одржи десеттата „Поетска епизода“ посветена на 100 години надреализам.
Со мултимедијално книжевно читање на надреалистичка поезија ќе гостуваат авторите Влада Урошевиќ, Фросина Пармаковска, Иван Шопов, Дарија Јовановска, Дејвид Величковски и Јована Стаматовска.
-Оваа епизода посветена на надреализмот е десетта во низа и со неа ќе се продолжи идејата која стои зад овој настан – да се промовираат македонските автори и поети со акцент на претставување на млади и нови автори, наведуваат организаторите на настанот Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“..
Десеттата поетска епизода ќе ја модерираат младите поети Андреј Медиќ Лазаревски и Марија Велинова.
Настанот се организира со поддршка и во соработка со кафе-книжарницата „Буква“.