Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Поевтини брашното во Украина

 Во Украина, од почетокот на месецов, цената на пченичното брашно почна постепено да се намалува поради проблеми со транзитот низ Полска, каде земјоделците во знак на протест ги блокираа границите.

Преголемата понуда на брашно и умерената побарувачка и од домашни и од извозно ориентирани компании го зголемуваат притисокот врз цените, се вели во извештајот на информатичко-аналитичката агенција АПК-Информ.

Според проценките, речиси е невозможно да се продава брашно на извозниот пазар поради блокадата на полските граници, што влијае и на постепеното намалување на цените.

Како што се наведува, од почетокот на месецот цените на висококвалитетното брашно се намалени за 2,5 до 7 евра за тон, а од денеска се движат од 230 до 260 евра по тон.

Зачлени се на нашиот е-билтен