Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пофалби за концертот на Добрила и Дориан во Тирана

Тиранчаните сакаат да слушнат нешто ново, оригинално, уметноста да има врска со земјата од каде што доаѓаат артистите. Затоа многу ни остави впечаток настапот на Добрила и Дориан. Ние добро ја познаваме класичната музика, беше коментарот на албански композитор, Фатос Ќеримај, професор на музичката академија во Тирана.

Дуото Добрила и Дориан синоќа настапија во Тирана. Директорката на „Cloud festival“, Едит Пула, по завршувањето на концерот, напиша дека овој концерт е нешто најдобро што се случило годинава на овој фестивал.

Културно информативниот центар во Тирана, изминативе 20 дена имаше шест настани, каде се претставија 70 наши уметници. Во припрема е сликарска изложба која заеднички ќе биде подготвена од нашата Национална галерија и нашиот КИЦ во Тирана. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира