Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Поголемиот дел од Кенија е без струја, земјата е зафатена од поројни врнежи

– Прекин на струја вечерва погоди голем дел од Кенија, соопшти дистрибутерот на електрична енергија Кенија Пауер (Kenya Power), обвинувајќи го за тоа „прекинот во системот“.

„Жалиме за сите предизвикани непријатности и бараме од нашите клиенти трпение додека работиме да го вратиме нормалното напојување што е можно поскоро“, се вели во соопштението на Kenya Power.

Прекинот во снабдувањето со струја доаѓа додека Кенија се бори со поројните дождови кои предизвикаа поплави во кои загинаа најмалку 188 луѓе и 165.000 се раселени.

Покрај главниот град Најроби, каде живеат околу пет милиони луѓе, прекин на електрична енергија има и во други градови, вклучително и Момбаса. ј

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново