Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Поинакво толкување и гласање за геноцидот во Сребреница, ќе ја ставеше Северна Македонија во подаништво на друга држава

На 11 јули, на 29-годишнината од крвопролевањето во Сребреница, и првата официјално одбележана од Обединетите нации, амбасадорот на Северна Македонија во ОН, Љубомир Фрчкоски, зборуваше за Ал Џезира.

– Северна Македонија со ентузијазам ја ко-спонзорираше Резолуцијата за одбележување на Денот на геноцидот во Сребреница во рамките на ОН, како и самиот настан за комеморација на 11 јули во Генералното собрание на ОН“, рече Фрчкоски на прашањето за значењето на усвојувањето на овој документ за меѓународната заедница во актуелен геополитички контекст.

„Прво, тоа е дел од нејзината надворешна политика кон причината за војните од 1990-тите и распадот на СФРЈ и злосторствата извршени за време на тие војни, и второ од етичка причини, траумата од геноцидот во Сребреница мора да биде соочена на патот на нејзиното трајно обележување – за да биде возможно да се изгради поздрава култура на сеќавање на жртвите и нивните семејства кои сакаат да бидат видливи и гласни. Исто така, како воопшто би било можно, врз основа на такво сеќавање и кажување на вистината за геноцидот, да се зачекори кон можни форми на помирување и соживот на народите и луѓето во регионот, а особено во Босна и Херцеговина“.

Притисок врз Скопје

Отпорот на одредени земји кон усвојувањето на Резолуцијата Фрчкоски го оцени како скандалозен и апсолутно губитнички. Тој рече дека српскиот претседател вршел притисок и врз официјално Скопје.

„Резолуцијата беше предложена од Германија и Руанда во соработка со Босна и Херцеговина, по правосилните пресуди на два меѓународни суда, Кривичниот суд и оној во Хаг, дека во Сребреница неспорно е извршен геноцид, а постапката за казнување на некои од учесниците и сторителите е завршена. Отпорот на некои земји, морам да кажам, беше скандалозен и апсолутно губитнички. Од обидот да се негира дека злосторството во Сребреница воопшто е геноцид, и покрај одлуките на судовите, до теориите дека резолуцијата е со крајна цел да воспостави режим на репарации кон некои од земјите и народите во регионот (српскиот) и „некои од нив да се прогласат за геноцидни“. Секое, па дури и најкритичкото читање на Резолуцијата за Сребреница не оправдува ниту еден од овие стравови“, рече Фрчкоски.

„[…] невозможно е да се обвини колективот, народот. Секогаш на одговорност се повикани поединци и одговорноста е индивидуална. Исто така, не се споменува ниту репарација, иако тој дел се однесува на општите одредби од Конвенцијата за спречување на геноцид. Зачудувачки беше и дипломатскиот напор на српскиот претседател Александар Вучиќ да се спротивстави на усвојувањето на Резолуцијата. Се јавуваше и во Скопје во обид да врши притисок врз поранешниот претседател, а српската амбасадорка три пати беше на прием во МНР за да побара промена на ставот на Македонија. Русија ја поддржа Србија и тие успеаја да излобираат кај дел од африканските земји врз основа на лажни аргументи дека оваа иницијатива е всушност димна завеса на „Западот“ за да сокрие што се случува во Газа или дека Европејците имаат двојни стандарди за одредување што е геноцид и што не е кај нив и кај „другите“. Без разлика на таа жалосна и, морам да признаам, неразбирлива кампања на Србија – Резолуцијата е усвоена со големо мнозинство гласови“.

За амбасадорот Фрчкоски, многу е важно за меѓународната заедница, ЕУ и регионот што оваа иницијатива беше успешна, особено од аспект на меѓународното право, но и геополитичкото дефинирање на тоа што се случило во Сребреница, Босна и во војните околу распадот. на СФР Југославија.

„Ова е важно за да се стави крај или барем да се придонесе кон завршување на илузиите за „враќање на историјата“ во новите геополитички околности во кои Русија и Кина стануваат доминантни сили во балканскиот регион, а со нив и Србија добива шанса да го „врати сето изгубено“ во војните во 1990-тите“, рече Фрчкоски, одговарајќи на прашањето колку Резолуцијата може да му помогне на балканскиот регион да се соочи со последиците од крвавите војни во 1990-тите и да придонесе за помирување, кога Србија и Република Српска постојано велат дека Резолуцијата придонесува за отворање на старите рани и нови поделби во регионот и во ОН и дека е насочена против српскиот народ.

„За жал, ваква матрица на политиката, колку и да изгледа лудо, постои и во реториката на противење на Резолуцијата и таа драматично излезе на површина. Кога би правеле песимистички сценарија, би изгледале вака – ако Русија успеела во агресивна војна во Украина и ако новата политика на САД, доколку дојде до промена на власта во Америка, би била повлекување од регионот и оставање на ЕУ сама – влијанието на Русија значително би се зголемило, а српската политика и нејзините ограноци во Босна и Херцеговина, дури и во однос на Косово, би добиле шанса да создадат нова нестабилност и такви сценарија веќе создаваат различни дипломатски и разузнавачки институти, заклучува Фрчкоски.

Во случајот со Македонија, иако акцијата на нејзиниот амбасадор во Обединетите нации е јасна во однос на Резолуцијата за Сребреница, останува отворено прашањето како кон неа ќе се постави новата влада од конзервативна првиниенција и дополнително како какви односи ќе развива околу прашањето за српското, руското и кинеското влијание во балканскиот регион. Итната промена на македонскиот амбасадор во ОН не носи оптимистички очекувања во однос на овие прашања.

Во светло на 11 јули Денот на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница го споделуваме стратното сведоштво ,на Нура, мајка од Сребреница чиј 16-годишен син бил убиен во геноцидот.

„Да, мојот Азмир, му пукаа во грб.
Му спакував парче пченкарен леб, шеќер, сол и ќебе. „Оди сине“, велам, „варојатно ќе се сретнеме во Тузла“. Плачам гледајќи го како оди.

Следниот ден бев во Поточари, илјадници луѓе, кога одеднаш се појави мојот Азмир. „Сине, од каде ти“, прашувам, а тој се втурнува, ме гушка, ме бакнува, вели „Не те бакнав, затоа се вратив“. Неговиот здив ми е сè уште на образот. Одеше со мене некое време и ориде кон шумата за да се приклучи на колоната, се сеќава Нура.
Нура со години се надевала дека од некаде ќе се појави. Потоа и рекле дека ги идентификувале неговите посмртни останки.

Години подоцна, пред полноќ, додека се подготвував за спиење, го слушнав спикерот како го спомнува Хаг и дека мајката ќе го препознае синот, а сестрата братот. Се вртам, на екранот гледам група мажи како се стрелани и мојот Азмир меѓу нив. Гледам, не им верувам на очите, срцето ми застана, вилицата ми замрзна. Азмир мој, му пукаат во грб. Моето дете падна, босо, немаше ни седумнаесет години“.

Треба да знаете
Moже да ве интересира