Антитерористичката служба на Грција покренала предмет против 39-годишен странски државјанин, бидејќи во неговите објави на социјалните мрежи во врска со војната во Појасот Газа повикувал на насилство, соопштија од грчката полиција, јави дописничката на МИА од Атина.
Објавите на социјалните мрежи биле во текот на минатиот месец, а покренатиот предмет бил доставен до Обвинителство во Ханија на островот Крит за да се истражи прекршување на одредени членови од Кривичниот законик.
Грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на свои информации пишува дека станува збор за египетски државјанин, имам, кој десет години живее на Крит, а обвинет е дека ја величал бригадата Ал Касам, која е дел од Хамас.
Извор МИА