Скопската полиција лиши од слобода тројца државјани на Судан по пријава дека физички нападнале 27‑годишник и барале пари во населбата Кисела Вода, јавува порталот Netpress.mk.
Инцидентот се случил во раните утрински часови, околу 02:45 часот, кога оштетениот пријавил дека бил нападнат и од него биле побарани пари, по што полициските службеници ги уапсиле И.Ш. (20), А.Г. (19) и Х.С. (20), сите со суданско државјанство.
По целосно документирање на случајот, против приведените ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, а истрагата продолжува за утврдување на сите околности околу настанот.